• петок, 21 февруари 2025

Почна изградба на улица во карбинското село Таринци, со пари од унгарскиот заем

Почна изградба на улица во карбинското село Таринци, со пари од унгарскиот заем

Карбинци, 5 февруари 2025 (МИА) – Во карбинското село Таринци од денеска почнаа градежните активности за реконструкција на сервисна улица. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека станува збор за проект кој се реализира од страна на Општина Карбинци, а е финансисран од Влада со пари од унгарскиот кредит. Ова е меѓу првите проекти во источниот регион кој почнува да се реализира, а оваа улица ќе овозможи полесно движење и подобри услови за жителите од овој дел.

-Мислам дека е еден од првите проекти во регионот или во државата кој што еве започнува коечно да се реализира по подобрување на временките услови. Се работи за сервисна улица пет, во село Таринци, која што изнесува вкупно 12 милиони 300. 000 денари со вклучен ДДВ, од кој што општината кофинансира некаде околу 20 проценти, а остатокот од 9 милион 250 000 е во рамките на договорот со Министерството за транспорт и врски, Владата, од унгарскиот кредит. Се надевам дека со реализација на овој проект, ќе подобриме значителен дел од условите за живот на населението овде во селото, изјави Паунов.

Освен оваа улица со која практично се започнуваат активностите во 2025 година, Паунов истакна дека претходната се работело многу на патната инфраструктура, а тоа го покажуваат и асфалтираните улици во повеќе населени места во Општина Карбинци. вдј/

Фото: Општина Карбинци 

Остани поврзан