• недела, 11 јануари 2026

Последните курдски борци го напуштија Алепо

Последните курдски борци го напуштија Алепо

Алепо, 11 јануари 2026 (МИА) – Последните курдски борци на Сириските демократски сили (СДС) го напуштиле северозападниот сириски град Алепо, соопшти сириската државна телевизија „Ихбарија“.

Лидерот на СДС, Мазлум Абди, изјави дека е постигнат договор за прекин на огнот со владините сили, како и за целосна евакуација на опколените цивили и борци од квартовите „Ашрафија“ и „Шејх Максуд“ во североисточниот дел на градот.

Сириските власти вчера соопштија дека воспоставиле контрола врз квартот „Шејх Максуд“ и дека дел од нивните борци од таа област се префрлаат кон курдските региони на исток. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан