Порто не дозволи трансфер на Нико во Манчестер сити
- Раководството на Порто одби да го продаде Нико Гонзалес во Манчестер сити.

Порто, 3 февруари 2025 (МИА) - Раководството на Порто одби да го продаде Нико Гонзалес во Манчестер сити.
Според „O Jogo“, премиерлигашот бил подготвен да плати 50 милиони евра за шпанскиот фудбалер за врска, но Порто ја одбил понудата.
Гонзалес, наводно, е силно заинтересиран да игра во Англија под водство на Пеп Гвардиола, а преселбата во зимскиот преоден рок се уште е можен. Ослободителната клаузула на 23-годишниот играч е 60 милиони евра и Порто ќе се обиде да го задржи во тимот.
Барселона има право на 40% од добивката од препродажбата на Гонзалес.
Порто го ангажираше Гонзалес летото 2023 година за 8,4 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА