• недела, 11 јануари 2026

Поради уличен дефект дел од населбата Батинци останува без вода

Поради уличен дефект дел од населбата Батинци останува без вода

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) – Поради уличен дефект на водоводна цевка во населбата Батинци, денеска, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „6“ и „7“.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот на водоснабдување е од 10.30 часот и ќе трае до целосно завршување на санација на дефектот.

– Поради уличен дефект ф-100мм на ул. „6“ бр. 5 во Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „6“ и ул. „7“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со санација на дефектот, стои во соопштението. ра/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан