Поплавени дворови и куќи во Струшко, нема опасност од излевање на Црн Дрим
- Поплавени дворови и куќи кај Мислешевски пат и во струшкото село Калишта предизвикале обилните дождови, а големо количество вода имало и во Струшко поле, потврдија за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.
Струга, 10 јануари 2026 (МИА) - Поплавени дворови и куќи кај Мислешевски пат и во струшкото село Калишта предизвикале обилните дождови, а големо количество вода имало и во Струшко поле, потврдија за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според нив, известени се службите на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Струга за испумпување на поплавените дворови.
- Големо е количеството вода во Струшко поле, но регулиран е истекот на реката Црн Дрим со цел да може да повлече поголемо количество вода од каналите во речното корито и да не дојде до нивно излевање, посочија од РЦУК, нагласувајќи дека засега не постои опасност од излевање на Црн Дрим. сс/мч/
Фото МИА архива