• сабота, 22 февруари 2025

Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година

Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 0.3 %, во приградскиот превоз е намален за 8.2 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.9 %, а во меѓународниот превоз е зголемен за 100.5 %.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 24.8 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 15.1 %, во приградскиот превоз е зголемен за 11.2 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 1.2 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 41.2 %.са/

Фото: МИА

Остани поврзан