Показни вежби за евакуација за основците од Пештани и Охрид
- Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и годинава продолжува со превентивните активности за делување во случај на елементарни непогоди и несреќи, со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните училишта.
Охрид, 16 февруари 2026 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и годинава продолжува со превентивните активности за делување во случај на елементарни непогоди и несреќи, со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните училишта.
Во координација и со поддршка на СВР, ТППЕ, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи, утре ќе се реализира показна вежба во Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во селото Пештани, додека во четврток вежба ќе има и во училиштето „Кочо Рацин“ во Охрид.
На покажните активности ќе се увежбува евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во која сооодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции. аб/са/
фото/МИА архива