• петок, 21 февруари 2025

Пожар избувна во куќа во центарот на Штип

Пожар избувна во куќа во центарот на Штип

Штип, 12 февруари 2025 (МИА) – Во куќа на улицата „Мирче Ацев“ во централното градско подрачје на Штип претпладнево избувна пожар. Нема повредени во пожарот.

Десет пожарникари со три возила го гаснеа пожарот, кој ја зафати кровната конструкција на куќата. Според информациите од командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов пожарот е ставен под контрола.  Дополнително ќе се утврдува за причините на пожарот. вдј/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан