Повик од Центарот за култура Крива Паланка за изложба на роднокрајни неакадемски сликари
- Центарот за култура Крива Паланка за првпат ќе организира ликовна изложба на роднокрајни неакадемски ликовни уметници.
Крива Паланка, 18 декември 2025 (МИА) - Центарот за култура Крива Паланка за првпат ќе организира ликовна изложба на роднокрајни неакадемски ликовни уметници.
-НУ Центар за култура - Крива Паланка објавува јавен повик за учество на ликовна изложба на дела од роднокрајни неакадемски ликовни уметници од општините Крива Паланка и Ранковце. Целта на изложбата е афирмација и промоција на локалното ликовно творештво и поддршка на уметници кои активно создаваат и придонесуваат во културниот живот на заедницата, информира директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски.
Право на пријавување имаат неакадемски ликовни уметници кои живеат или потекнуваат од општините Крива Паланка и Ранковце.
Пријавувањето се врши најдоцна до 21 декември 2025 година, по електронска пошта: info@nuckkp.mk, по телефон, на 076 381 000 или лично, во просториите на НУ Центар за култура Крива Паланка, Одделение за ликовна дејност.
-Бројот на дела со кои авторите ќе можат да се претстават ќе биде ограничен, во зависност од вкупниот број на пријавени учесници. Дополнителни детали околу терминот на изложбата, поставката и техничките услови ќе им бидат доставени на пријавените учесници по завршување на јавниот повик. НУ Центар за култура – Крива Паланка ги охрабрува сите заинтересирани автори да се пријават и да бидат дел од оваа заедничка ликовна презентација, додаде Додевски.ид/вј/
Фото: НУЦК Крива Паланка