Повеќе полициски акции во тек, вклучен и меѓународен истражен тим
- Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.

Скопје, 2 февруари 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.
- Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.
И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.
Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари. бак/вј/
Фото: МИА архива