• петок, 21 февруари 2025

Петрушевски: Филипче во целосна одбрана на политиките на Заев

Петрушевски: Филипче во целосна одбрана на политиките на Заев

Скопје, 10 февруари 2025 

Почитувани,

Венко Филипче првпат се стави јавно во целосна одбрана на политиките на Зоран Заев, кои ја понижија, осиромашија и уништија државата.

"Ние водевме добри политики" на Венко Филипче е новото "Како до сега".

Тврдењата на експертите дека Венко Филипче е пион се покажаа за точни.

Венко Филипче ја брани, и ги смета за добри политики смената на името, договорот со Бугарија, криминалните афери во РЕК Битола, ЕСМ, СОЗР, Лотарија.

Венко Филипче кажа дека со се што направи СДС, тој се согласува и дека истото би го направил.

Венко Филипче призна дека тој би направил се што направи и Заев, и дека од него не може да се очекува ништо друго освен нов Зоран Заев.

Се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, Венко Филипче нема политики, ниту став за најобични прашања, негов став е се што Заев направил и кажал, тој е само бледа копија, и послушник.

 

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=1nxvOpMVTnw

 

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Остани поврзан