• петок, 21 февруари 2025

Лидерот на СДСМ Филипче во работна посета на Хрватска

Лидерот на СДСМ Филипче во работна посета на Хрватска

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денеска е во дводневна работна посета на Загреб, соопшти партиската прес-служба.

Филипче ќе има средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП) Синиша Хајдаш Дончиќ.

Посетата на Филипче, како што наведуваат од СДСМ, „е нов импулс во односите меѓу двете сестрински партии и чекор кон унапредување на меѓусебната соработка“.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан