Перу прогласи вонредна состојба по истекување на нафта на северот на земјата
- Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северната крајбрежна област, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд излеа пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Лима, 26 декември 2024 (МИА) – Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северната крајбрежна област, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд излеа пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу.
Петроперу не откри колку сурова нафта се излеала во морето, но перуанската организација за заштита на животната средина ОЕФА, во прелиминарен извештај наведе дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет. јт/
Фото: Петроперу