• петок, 02 јануари 2026

Партизан ја забележа третата победа по ред по заминувањето на Обрадовиќ

Партизан ја забележа третата победа по ред по заминувањето на Обрадовиќ

Белград, 13 декември 2025 (МИА) – Тимот на Партизан влезе во победничка серија, откако од тренерската позиција си замина Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ синоќа ја совладаа Црвена ѕвезда во 15.коло на Евролигата.

До триумфот Партизан дојде по голем пресврт во последната четвртина која ја доби со 30:16.

Ова е шеста победа на Партизан сезонава во Евролигата, а Црвена ѕвезда го претрпе шестиот пораз. Под водство на новиот тренер Мирко Оцокољиќ ова е втора победа по ред во Евролигата (има една и во АБА-лигата).

На другите натпревари од кошаркарското елитно натпреварување одиграни синоќа:
Дубаи – Баерн 89:88
Монако – Фенербахче 86:92
Барселона – Олимпијакос 98:85
Виртус Болоња – Хапоел Тел-Авив 74:79.

Лидер на табелата е Хапоел Тел-Авив со 11 победи и четири порази. зс/ 

Фото: ЕПА

Остани поврзан