Парното поскапува за 5,03 проценти
- Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија, а новата цена ќе важи од 1 февруари годинава.
Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство за корисниците на топлиснка енергија кои се снабдуваат преку ќерките фирми на АД ЕСМ.
Се очекува наскоро и топланата Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот. вј/нд/
Фото: МИА архива