• петок, 05 декември 2025

Парите од втората уплата според Планот за закрепнување и отпорност во износ од близу една милијарда лева се одобрени од ЕК, изјави Костадин Ангелов

Парите од втората уплата според Планот за закрепнување и отпорност во износ од близу една милијарда лева се одобрени од ЕК, изјави Костадин Ангелов

Софија, 11 ноември 2025 (МИА) - Најголемата вест од денеска е дека парите од втората уплата според Планот за закрепнување и отпорност во износ од близу една милијарда лева се примени и одобрени од Европската комисија (ЕК). Ова го изјави проф. Костадин Ангелов пред новинарите по состанокот на парламентарната комисија за здравство, чиј претседател е тој.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Планот за закрепнување и отпорност беше неуспешен, отпишан, ние го реанимиравме и благодарение на напорите на целата влада и лично на вицепремиерот Дончев, втората уплата е факт, додаде Ангелов.

Имаме амбиција да ги добиеме сите средства доделени на Бугарија до крајниот рок според планот, рече тој.

На почетокот на октомври оваа година, ЕК објави дека дава прелиминарно одобрение на второто барање на Бугарија за исплата според Планот за закрепнување и отпорност за 653 милиони евра, поднесено во јули. Барањето за исплата вклучува 28 реформи и 12 инвестиции, се наведува во соопштението на ЕК.

По проценката на барањето, Комисијата утврди дека Бугарија успешно имплементирала 58 од 59-те клучни пресвртници и цели утврдени во одлуката за спроведување на Советот на ЕУ.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан