• петок, 23 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пакистанскиот министер за надворешни работи во Кабул поради одлуката за протерување на Авганистанци

Пакистанскиот министер за надворешни работи во Кабул поради одлуката за протерување на Авганистанци

Кабул, 19 април 2025 (МИА) – Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, денеска патува за Кабул, во време на кампања за протерување на Авганистанци во која 85.000 луѓе го напуштија Пакистан за две недели, од кои повеќе од половина се деца.

Во пресрет на еднодневната посета на Кабул, каде што ќе се сретне со високи претставници на талибанската влада, министерот изрази надеж за излез од кризата во односите меѓу двете соседни земји.

Исламабад ги обвинува трите милиони Авганистанци во Пакистан дека се „поврзани со тероризам и трговија со дрога“, додека талибанската влада го осудува „насилството“ и го обвинува својот сосед дека ги користи мигрантите „за политички цели“.

На 1 април пакистанската влада поништи 800.000 дозволи за престој на Авганистанци.

Од 1 април, „84.869 авганистански државјани се вратени во нивната земја“, изјави вчера претставник на пакистанското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека кампањата за протерување ќе продолжи.

Според податоците на УНХЦР, 58 отсто од Авганистанците протерани од Пакистан се деца. јт/

Фото: Ишак Дар на Х

Остани поврзан