• петок, 05 декември 2025

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти

Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти

Вашингтон, 22 мај 2025 (МИА) - Администрацијата на Доналд Трамп денеска соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет.

„Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена“, напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на главниот систем преку кој на странските студенти им е дозволено да студираат во САД. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан