• петок, 05 декември 2025

Пакистанската армија елиминира 23 бунтовници на границата со Авганистан

Пакистанската армија елиминира 23 бунтовници на границата со Авганистан

Исламабад, 20 ноември 2025 (МИА) – Најмалку 23 бунтовници се убиени во вчерашните две воени операции преземени долж границата со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Убиените бунтовници се пакистански талибанци.

Операциите беа спроведени во планинскиот регион Хајбер Пахтунхва, на границата со Авганистан, една недела по самоубиствениот бомбашки напад во Исламабад, при што загинаа 12 луѓе, а десетици беа повредени. Одговорност за нападот ја презеде фракција на пакистанските талибанци, а нападот бил оркестриран од Авганистан. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан