• петок, 05 декември 2025

Во експлозијата пред судот во Исламабад загинаа 12 лица

Во експлозијата пред судот во Исламабад загинаа 12 лица

Исламбад, 11 ноември 2025 (МИА) - Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред суд во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви.

Неколку други лица се ранети, а некои се во критична состојба, изјави болнички извор.

Бомбашот самоубиец првично се обидел да влезе во зградата, а експлозивна направа ја активирал пред судот, во близина на полициското возило, откако чекал таму околу 10 до 15 минути, изјави Накви од местото на настанот.

-Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад, рече министерот.

Експлозијата се случи во близина на влезот во Окружниот суд во Исламабад, што вобичаено е преполн со странки. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан