Отворено етно катче во општинската зграда на Босилово
- Општина Босилово отвори етно катче во општинската зграда, кое чини само седум илјади денари, објави градоначалникот Ристо Манчев на неговиот фејсбук профил.

Босилово, 27 јануари 2025 (МИА) - Општина Босилово отвори етно катче во општинската зграда, кое чини само седум илјади денари, објави градоначалникот Ристо Манчев на неговиот фејсбук профил.
- Дипломати, амбасадори, гости и добронамерни посетители може да уживаат во прекрасниот амбиент кој ја отсликува македонската традиција и начин на живот од 19 и 20 век. За мене, лично оваа е важна, убава и креативна активност, иако истата финансиски чини само 7000 денари. Благодарност до сите донатори, напиша Манчев.
Инаку, уметничкиот дел е изработен од професорот Жарко Спасов, а во наредниот период ќе се доуредува ова катче во Општина Босилово. рт/цр
Фото: Општина Босилово