Основните училишта во Општина Аеродром добија спортска опрема и реквизити од МОК
- СООПШТЕНИЕ - Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска на пригоден настан во СЦ „Марко Божиновски“ им додели спортска опрема и различни реквизити на сите основни училишта во Општина Аеродром.

24 јануари 2025
Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска на пригоден настан во СЦ „Марко Божиновски“ им додели спортска опрема и различни реквизити на сите основни училишта во Општина Аеродром.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изрази благодарност до МОК за одличната соработка во правец на подобрување и осовременување на условите во кои децата имаат настава по физичко образование, како и приближување на сите спортови до нашите ученици.
Честитки и до Сојузот на училишни спортови од Општина Аеродром, како и до сите наставници по физичко и здравствено образование кои со голема посветеност работат со учениците.
Тие уште од најмала возраст им влеваат љубов кон спортовите, поради што Аеродром е најспортска општина во земјава, за што потврда се големиот број професионални спортисти кои имаат освоено големи победи на светско ниво.
За успесите на учениците од Општина Аеродром се заслужни и сите наставници и вработени во училиштата, на кои Митески им го честита денешниот Меѓународен ден на образованието.
Општина Аеродром
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.