• сабота, 22 февруари 2025

Општина Тетово почна со инвестициски циклус за нова спортска опрема за сите средни училишта

Општина Тетово почна со инвестициски циклус за нова спортска опрема за сите средни училишта

Тетово, 13 февруари 2025 (МИА) - Општина Тетово почна инвестициски циклус за опремување на сите средни училишта со спортска опрема. Општинското средно училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово е првото училиште каде пристигна новата спортска опрема. Опремувањето го промовираше градоначалникот Биљал Касами, кој изврши симболично предавање топките и другите реквизиви.

- Денес денеска сме тука во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ за да промовираме една важна инвестиција во делот за снабдување на средните училишта, однос на спортските сали во рамките на средните училишта со спортски реквизити. Ова е за прв пат после одредено долго време, односно можеби е од почетокот на изградбата на овие спортски сали, рече Касами.

Тој нагласи дека со ова вложување општината сака да покаже дека продолжува со инвестирање во спортот, младите и образованието. 

- Ова е во функција на овие спортски сали затоа што се реквизити кои се потребни за да децата спортуваат во рамките на училиштето, но исто така и за младите кои ги користат овие спортски сали за спортски активности, рече Касами.

Инвестицијата за опремување на училишните спортски сали е со вредност од 40 илјади евра. ас/цр


Фото: МИА 

Остани поврзан