• недела, 11 јануари 2026

Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети од поплавите

Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети од поплавите

Ресен, 9 јануари 2026 (МИА) - Општина Ресен апелира граѓаните да ги пријават штетите од поплавите што се случија на 7 и 8 јануари. Како што информира Општината, граѓаните низ едноставна процедура треба до локалната самоуправа да достават барање за пријавување штета, фотографии од оштетени објекти, предмети и добра во домаќинството, како и документација во врска со сопственоста на објектите.

Пријавувањето на штетите ќе се врши во наредните две недели, до 23 јануари.

Одлуката за обесштетување е донесена откако претходно на вонредна седница, Советот на Општина Ресен констатира природна непогода предизвикана од поплава.

На вонредна седница, членовите на Советот на Општина Ресен беа информирани за состојбата со поплавите на подрачјето на општината, утврдија предлог мерки и активности за справување со последиците од поплавите, а избрана е и Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од природна непогода – поплава. мт/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан