• вторник, 30 декември 2025

Општина Новаци додели субвенции за возачки дозволи за млади лица

Општина Новаци додели субвенции за возачки дозволи за млади лица

Новаци, 9 декември 2025 (МИА) - Општина Новаци прв пат оваа година додели субвенции на млади лица кои одлучиле да посетуваат авто школа и да се здобијат со возачка дозвола за возила од „Б“-категорија.

Решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од „Б“- категорија за сите млади лица до 26 години ги потпиша градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

-Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика за поддршка на младите, поттикнување на нивната мобилност и олеснување на трошоците поврзани со нивното образование, вработување и секојдневни потреби. Со оваа мерка продолжуваме да инвестираме во младите луѓе во нивната иднина, независност и развој, истакна градоначалникот Стевановски.

На доделувањето субвенции за возачки дозволи од „Б“-категорија за млади лице во Општина Новаци претходеше јавен повик, посочија од тамошната локална самоуправа.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан