• четврток, 04 декември 2025

Општина Куманово со богата програма за празникот на градот

Општина Куманово со богата програма за празникот на градот

Куманово, 7 ноември 2025 (МИА) - Со богата културна и спортска програма, Куманово ќе одбележи 81 година од ослободувањето на градот. Годинава нема да се доделат „Ноемвриските награди“ – највисокото општинско признание во Куманово. Причината е што новоизбраните советници сè уште не ги добиле уверенијата од Државната изборна комисија, информираа денес надлежните од секторот за култура и спорт и од Фондацијата за култура и спорт.

-За прв пат наградите нема да се доделат во досегашната форма. Наместо тоа, на свечената седница градоначалникот ќе додели благодарници на заслужни поединци, претпријатија и организации. Свечената седница ќе се одржи на 11 ноември во Занаетчискиот дом, со почеток во 12 часот, изјави раководителот на секторот за култура, Александар Крстевски.

Во текот на ноември, Куманово ќе го одбележи 81-годишното ослободување со бројни културни и спортски манифестации. На 11 ноември делегации од градот, амбасади и збратимени градови ќе положат свежо цвеќе на Спомен-костурницата.

Програмата, според директорката на Фондацијата Сања Давидовиќ, е богата и наменета за сите генерации – со изложби, перформанси, уметнички настапи и спортски активности.

-На 10 ноември, од 20 часот на градскиот плоштад ќе настапат македонски уметници: Лука Чомбе, Еда Јакупи, Бесим Ифтари, Слаткаристика, Тони Зен и Калиопи, изјави таа.

За реализација на програмата, вклучително и концертот во предвечерието на празникот, издвоени се два милиони денари. Од секторот најавија дека за следната година ќе се обезбедат уште повеќе средства за празничната програма.ад/ар
Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан