• петок, 05 декември 2025

Општина Куманово дел од проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки за учебна 2025/26 година“

Општина Куманово дел од проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки за учебна 2025/26 година“

Куманово, 24 ноември 2025 (МИА) - Општина Куманово и детската градинка „Ангел Шајче“, денеска потпишаа трипартитен договор со Министерството за труд и социјална политика демографија и млади за реализација на проектот „Инклузија на деца Роми во детските градинки за учебна 2025/26 година.

На покана на Министерството за социјална политика, денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорката на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“,Куманово Ивана Николиќ, присуствуваа на чинот на потпишување на трипартитни договори за соработка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки за учебната 2025/2026 година“.

Проектот, како што наведуваат од општина Куманово ќе се реализира согласно годишниот план и програма за работа на градинката во Куманово.

-Обезбедени се места за деца од ромската заедница, интегрирани во редовните воспитни групи според возраста, ослободени од партиципација за користење на услугите на оваа установа. Целта е да се зајакне социјалната интеграција на деца Роми во предучилишното образование, да се поддржи нивниот ран развој, промовирајќи еднакви можности за сите во воспитно – образовниот процес, информираа од општина Куманово. ам/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан