• сабота, 22 февруари 2025

Општина Делчево објави јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани за 2025 година

Општина Делчево објави јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани за 2025 година

Делчево, 3 февруари 2025 (МИА) - Општина Делчево го објави јавниот повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани за 2025 година. Јавниот повик е отворен за сите граѓански здруженија, кои се  регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а истиот опфаќа повеќе приоритетни области и цели за финансирање на проектни и програмски активности.

-Приоритетните области и цели за финансирање на проектни и програмски активности се локалниот економски развој;
техниката; образованието; културата;
уметноста ; социјална заштита и родова еднаквост; заштита на животната средина.
Право на учествоиѓаат сите регистрирани здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и кои треба да дејствуваат на територија на Општина Делчево, информираа од Општината.

Целта на распишување наЈавниот повик како што додадоа е да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации и спортските клубови. 

По однос на Јавниот повик Општина Делчево годинава ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2025 година, а истите ќе бидат наменети зa финансиска помош на здруженија на граѓани кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани.

-Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќе се пријават на овој повик се предлог проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината. Исто така предлог проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области. Доделените средства треба да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата, додадоа од Општината.

За повеќе информации од Општината заинтересираните апликанти ги упатија да ја посетата општинската веб страница, каде детално се образложени сите услови и критериуми за учество по јавниот повик.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, започнувајќи од 03.02.2025 година, а крајниот рок за поднесување на пријави е  17.02.2025 година. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан