• петок, 05 декември 2025

Општина Дебар обезбеди 2.542 канти, наменети за собирање на мешан комунален отпад

Општина Дебар обезбеди 2.542 канти, наменети за собирање на мешан комунален отпад

Дебар, 18 ноември 2025 (МИА) - Новата локална власт го направи првиот чекор за почиста животна средина, за која даде ветување, објави градоначалникот Фисник Меља.

-Општина Дебар го прими првиот контингент  од 2.542 канти, секоја со капацитет од 120 литри, наменети за собирање на мешан комунален отпад. Ќе бидат распределени од врата до врата низ целиот град Дебар и околните села, стои во објавата.

Оценува дека ова претставува една од шесте клучни точки во проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Швајцарската агенција за развој и соработка – SECO, како дел од Регионалната програма за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион на Република Северна Македонија.

-Ова е само првиот чекор кон нашата цел – да го направиме Дебар еден од најчистите општини во Република Северна Македонија, наведува тој.

Додава дека дистрибуцијата на кантите  значително ќе ја олесни работата на јавните комунални служби, ќе ја подобри ефикасноста на нашите услуги и директно ќе придонесе за почиста општина. вт/нд/

Фото: Градоначалник на Дебар

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан