Општина Велес продолжува со изградба на потпорни ѕидови на градски улици
- Општина Велес и покрај ниските температури продолжи со градежни активности на дел од градските улици. Како што информира градоначалникот Марко Колев, на улицата „Белградска“ се изведуваат подготвителни работи за изградба на два потпорни ѕида, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и возилата.
Велес, 9 јануари 2026 (МИА) – Општина Велес и покрај ниските температури продолжи со градежни активности на дел од градските улици. Како што информира градоначалникот Марко Колев, на улицата „Белградска“ се изведуваат подготвителни работи за изградба на два потпорни ѕида, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и возилата.
Колев нагласи дека специфичната поставеност на Велес често наложува изградба на потпорни ѕидови за заштита на имотот, граѓаните и сообраќајот. Потпорните ѕидови на „Белградска“ ќе обезбедат стабилност на теренот пред целосната реконструкција на улицата.
Воедно, потсети дека на оваа локација беше извршена целосна замена на старата и дотраена водоводна мрежа и најави во наредниот период се планира комплетна реконструкција на патната делница, вклучувајќи завршен асфалтен слој, на една од најдолгите улици во новиот висок дел на Велес.ад/ар
Фото:Општина Велес