• вторник, 30 декември 2025

Општина Бутел одбележа 116 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров

Општина Бутел одбележа 116 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров

Скопје, 9 декември 2025 

Oпштина Бутел ораганизираше свечено одбележување на 116 години од раѓањето на македонскиот поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров, стои во соопштението на Општината што МИА го пренесува интегрално.

Градоначалникот Дарко Костовски положи цвеќе пред споменикот на великанот Никола Јонков Вапцаров и се поклони на еден од најзначајните македонски дејци.

Во песната „Земја“ Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и пишува за својата татковина Македонија. „Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“ - Никола Јонков Вапцаров.

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан