• вторник, 30 декември 2025

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

Општина Битола ќе издвои 17 милиони денари за зимската служба

Битола, 9 декември 2025 (МИА) - Општина Битола за претстојната зимска сезона и за мобилна зимска служба ќе издвои 17 милиони денари, а од нив 15 милиони денари се наменети за градежната оператива, а два милиони денари за индустриска сол, песок-ризла и ладна асфалтна маса.

Според утврдената програма, зимската служба ќе се потпира на потенцијалот на локалните јавни претпријатија, а доколку е потребно ќе се побара поддршка и од друга градежна оператива во градот.

Со одлука на Советот на Општина Битола за сообраќајници од прв приоритет посочени се 50 улици и 14 пристапни улици до значајни инфраструктурни објекти и институции, за сообраќајници од втор приоритет посочени се 38 улици, а посебен фокус во програмата имаат и локалните патишта во руралните населени места.

Координативното тело за организација и реализација на зимската служба очекува вклученост и на граѓаните со кои доколку тоа биде потребно во претстојната зимска сезона ќе комуницира одговорен инженер избран за реализација на програмата.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан