• недела, 11 јануари 2026

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба

Битола, 7 јануари 2026 (МИА) - Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, кој ќе се реализира утре и во петок.

Од Општина Битола информираа дека локалната самоуправа и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Нижо Поле и „Молика“.

Утре, 8 јануари и на 9 јануари, бесплатно може да се користи автобуската линија број 1 за ски центар Ниже Поле, а тргнувањето е во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, и автобуската линија број 2 за превоз до хотелот „Молика“, а поаѓа во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии од ски центрите е во 13:00 часот, соопштија од Општина Битола. мт/рп/

Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан