Општина Битола исплати дел од средствата за избирачките одбори
- Општина Битола ја информира јавноста за постапката за начинот на исплатата на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025 година.
Битола, 9 декември 2025 (МИА) - Општина Битола ја информира јавноста за постапката за начинот на исплатата на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025 година.
Од секторот за односи со јавност соопштуваат дека од буџетот на Општина Битола исплатени се 25 проценти од вкупната сума согласно законската обврска и за истото се информирани претседателите на избирачките одбори. Остатокот од 75 проценти од средствата се интегрирани во предлог буџетот на Општина Битола за 2026 година кој е веќе испратен до советниците во Советот на Општина Битола и кој треба да биде изгласан пред крајот на оваа календарска година.
Во текот на првиот квартал од следната година ќе биде исплатен остатокот на членовите на избирачките одбори, нагласија од Општина Битола. мт/дма/
Фото: МИА