• сабота, 22 февруари 2025

Општина Аеродром со значајни резултати во соработката со УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Општина Аеродром со значајни резултати во соработката со УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Скопје, 23 јануари 2025

 

Општина Аеродром постигна значајни резултати во соработка со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На денешниот состанок на кој присуствуваше и в.д градоначалникот, Дејан Митески, беа презентирани главните постигнувања од 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка:

- Зголемен индекс за даночна транспарентност за 2023‐2024 кој изнесува 67%, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 58%

- Општина Аеродром ја задржа максималната оценка за буџетска транспарентност од 16 индексни поени (од можни 16) и во 2023/2024 и во 2022/2023 година

- Споделени материјали со цел подобра информираност за надлежностите на општината, во рамки на кампањата „Општина на дланка“

- Подобрена активна транспарентност која во 2024 година изнесува 75.4%2, во однос на 2023 кога изнесувала 69% (од можни 100%)

- Изработен Извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии за 2023, со препораки за подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста

- Објавени Индикатори за јавни набавки за 2023 година на веб-страницата на Општината

- Подготвен и објавен Граѓански буџет за 2024 на веб-страницата на општината

- Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за 8%

- Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,

- Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања „Мој данок за мојата општина“ споделена на веб-страницата на општината

- Подготвена анализа на организациските капацитети за администрирање на локални даноци и такси во Градот Скопје и општините во Градот Скопје со препораки за поефикасна институционална соработка и поефективно планирање и наплата на локалните приходи

- Зајакната комуникација помеѓу Градот Скопје и општините во Градот Скопје преку поддршка на активности за унапредување на администрирањето на локалните даноци и такси и зголемување на даночна транспарентност

- Подготвена и објавена Процедура за внатрешна комуникација на Општината, објавена на веб-страницата

- Подготвен и објавен План за локален економски развој

- Изработен и споделен модел за изработка на бизнис информатор

- Информирање за отворени повици за проекти.

Овие резултати претставуваат значаен чекор за Општина Аеродром кон поголема транспарентност и ефикасно управување со локалните финансии.

Општина Аеродром

Фото: Општина Аеродром

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан