• петок, 05 декември 2025

Опожарен стан во Куманово 

Опожарен стан во Куманово 

Куманово, 2 декември 2025 (МИА) - Опожарен е стан во Куманово, интервенирала и противпожарната единица и полицијата. Како што наведува СВР Куманово, вчера во 18:14 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улица „Моша Пијаде“ во Куманово настанал пожар во стан сопственост на В.Ѓ.(58) од Куманово. Од РЦУК Куманово пренесуваат информација дека интервенирале на пожар предизвикан од пукната плинска боца во стан.

- Оштетени се само елементи од  кујната, нема повредени луѓе, ТППЕ Куманово интервенирал со едно противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК.

Територијалната противпожарна единица Куманово регистрира по неколку пожари годишно во кои има експлозија на плински боци. Во некои случаи не можат да прецизираат дали експлозијата настанала од пожар или пожарот настанал од експлозија на плински боци. ам/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан