• сабота, 22 февруари 2025

Опожарен автомобил на јавен обвинител

Опожарен автомобил на јавен обвинител

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопшти Јавното обвинителство.

Првичните индиции, како што велат од Обвинителството, упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините. дма/cr

Фото:МИА архива

Остани поврзан