ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа
- ОН соопшти дека над 2.400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас.

Газа, 22 јануари 2025 (МИА) - ОН соопшти дека над 2.400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас.
Само вчера, во палестинската енклава влегле 897 камиони со помош. Исто така, во неделата влегле 630 камиони, а во понеделникот 915.
Примирјето предвидува најмалку 600 камиони помош дневно, од кои 50 мора да носат гориво, а половина од вкупната помош е наменета за северниот дел на Газа, каде што жителите се соочуваат со закана од глад. ссм/
фото: ДПА