ОН го повикаа Трамп да ја повлече одлуката за санкции против МКС
- -Длабоко жалиме за индивидуалните санкции објавени вчера против судскиот персонал и бараме оваа мерка да се повлече, изјави портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани, пренесува Гардијан.

Њујорк, 7 февруари 2025 (МИА) - Обединетите нации денеска го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да ја укине извршната наредба со која се одобруваат економски санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС).
-Длабоко жалиме за индивидуалните санкции објавени вчера против судскиот персонал и бараме оваа мерка да се повлече, изјави портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани, пренесува Гардијан.
Трамп потпиша наредба за санкционирање на МКС во Хаг за напади врз САД и нивните сојузници, како што е Израел.
Наредбата наметнува финансиски и визни санкции против „поединци и членови на нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС во кои се вклучени американски државјани или сојузници“, се наведува во документот во кој увид имал Си-Ен-Ен.сд/
фото:МИА архива