Одредени составите за машкиот „Ол стар“
- Обновеното издание на Ол-стар натпреварот во организација на Македонската кошаркарска федерација ќе се одржи во недела (21.декември)
Скопје, 19.декември 2025 (МИА) – Обновеното издание на Ол-стар натпреварот во организација на Македонската кошаркарска федерација ќе се одржи во недела (21.декември). Натпреварот со себе носи и најава за еден спектакл во кој, макар и ревијален, победникот нема да биде познат до последните моменти од играта.
За време на паузата, односно на полувремето од овој натпревар ќе биде реализиран и оној друг дел од ревијата, посветен на најдобрите шутери за три поени. А на сцената ќе се појават и играчите кои испратија пријава за учество во натпреварот за забивање во оваа сениорска конкуренција.
ТИМ „МАКЕДОНИЈА“: Марин Петков (МЗТ Скопје Аеродром), Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Аеродром), Виктор Ефремовски (Работнички), Дамјан Робев (Работнички), Максим Митевски (МКК Куманово), Андреј Митревски (Пелистер), Лука Стојановски (Пелистер), Виктор Ташовски (ТФТ), Страхил Николов (ТФТ), Тома Стојаноски (ТФТ), Теодор Симиќ (Кожув), Никола Бојчев (Кожув), Виктор Златевски (Феникс 2010), Алек Петковски (Маџари), Ренато Димитриевски (Гостивар), Петар Бошалески (Тиквеш Голден Игл), Таулант Ибраими (Ангели), Мети Тачи (Чаир 2030), Фатон Реџа (Чаир 2030), а тренери се: Борче Даскаловски (Пелистер), Денис Дервишевиќ (Феникс 2010) и Владимир Мирковски (Работнички).
ТИМ „СВЕТ“: Хуан Дејвис (МЗТ Скопје Аеродром), Мек Смит Мексвејн (МЗТ Скопје Аеродром), Урош Луковиќ (МКК Куманово), Андрија Стевановиќ (МКК Куманово), Никола Малешевиќ (Пелистер), Роберт Рикиќ (Работнички), Стенли Дејвис (ТФТ), Рејмонд Сомервил (ТФТ), Кристофер Дес (Тиквеш Голден Игл), Џулиус Елербе (Гостивар), Џавон Грин (Маџари), Декариус Николас (Кожув), Ламар Четмен (Чаир 2030), Џејлин Билингсли (Чаир 2030), Луал Рахама (Феникс 2010), Ален Фордхам (Ангели), а тренери се: Боро Смилковски (ТФТ), Ерхан Рамадан (Чаир 2030) и Игор Гацов (Ангели).
Почетокот на натпреварот е во 18 часот и се игра во СРЦ „Кале“, а претходно од 12 часот играат натпревар играчи од М20 лигата, додека во 15 часот е почетокот на дуелот на женските екипи „Македонија“ – „Свет“. мн/
Фото: МКФ