• четврток, 26 март 2026

Сабаленка по финалето во Бризбејн: Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку

Сабаленка по финалето во Бризбејн: Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку

Бризбејн, 11 јануари 2026 (МИА) - Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, му се обрати на своето момче, грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис, по победата во финалето на турнирот во Бризбејн, Австралија.

-Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку, нели? Само додавам дополнителен притисок, рече Сабаленка на церемонијата на доделување награди.

Франгулис се насмевна на зборовите на Сабаленка.

Во натпреварот за трофејот, Белорусинката утринава ја победи Украинката Марта Костјук со 6:4 и 6:3. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан