Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“, судењето продолжува на 23 декември
- На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството и остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица. Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство. Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 23 декември со воведен збор на одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.