• петок, 05 декември 2025

Одбојкарките на Јанта Волеј елиминирани во ЛШ, продолжуваат во ЦЕВ Купот

Одбојкарките на Јанта Волеј елиминирани во ЛШ, продолжуваат во ЦЕВ Купот

 

Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) – Македонскиот одбојкарки првак во женска конкуренција Јанта Волеј загуби со 3:0 (25:6, 25:13, 25:13) синоќа на реваншот на гостински терен од Ла Канет и со два порази од францускиот противник претрпе елиминација во третото коло од квалификациите во Лигата на шампиони.

Мери Бошковска со седум и Ана Ѓоргиевска со шест поени беа најефикасни во редовите на македонскиот првак, кој на првиот натпревар во Скопје загуби од Ла Канет со 3-1, а во воведното квалификациско коло го елиминираше првакот на БиХ, Гацко, со вкупен резултат 6-4 во сетови.

Со две победи и два порази одбојкарките на Јанта го завршуваат настапот во најсилното европско клупско натпреварување, но ќе го продолжат настапот на европската сцена со дуел против хрватски Младост во ЦЕВ Купот.

Првиот натпревар е на програмата на 25 ноември во Скопје, а реваншот на 3 декември во Загреб.ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан