• петок, 05 декември 2025

Одбојкарите на „Штип УГД“ утре во Радовиш играат реванш со норвешкиот „Кол Ил“

Одбојкарите на „Штип УГД“ утре во Радовиш играат реванш со норвешкиот „Кол Ил“

Штип, 18 ноември 2025 (МИА) - Одбојкарите на Одбојкарскиот клуб(ОК) „Штип УГД“ утре во спортската сала во Радовиш го играат реваншот против норвешкиот „Кол Ил“, во рамките на европскиот Челинџ Куп. Одбојкарите на „Штип УГД“ сметаат дека може да ја анулираат предноста на норвежаните, за да се пласират во следната фаза, откако на првиот меч загубија со 3:1 во сетови во Осло.

Портпаролот на ОК „Штип УГД“, Горан Стаменков на денешната прес-конференција дека доколку „Штип УГД“ успее да го елиминира „Кол Ил“, во следната фаза ќе се соочи со италијански Милано.

-Минатата недела настапивме премиерно во овој Куп со гостинскиот натпревар во Осло, за жал нашиот тим загуби со 3-1, но се надеваме со дека на утрешниот натпревар ќе ја анулираме таа предност на норвежаните и ќе се пласираме во следната фаза на Челинџ купот. Во следната фаза не чека екипата на италијанскиот Милано, така да подобриот од овој двомеч во следното коло ќе игра со Милано, изјави  Стаменков.

Одбојкарот Дејан Стојанов  се надева на добар натревар во Радовиш и позитивен резултат. Тој додава дека спортската сала во Радовиш носи среќа на одбојкарскиот клуб „Штип УГД“.Лани одиграле два натпревари на кои доминирале и убедливо славеле, очекува во иста атмосфера утре во радовишката сала да го добијат и натпреварот против норвешкиот „Кол Ил“.

Портпаролот Стаменков додава дека влезот во радовишката сала ќе биде слободен.Штипските одбојкари бараат поддршка од штипската, но и од целата македонска јавност и полни трибини во салата „25 Мај“ во Радовиш, а натпреварот почнува во 19 часот. вдј/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан