• петок, 20 февруари 2026

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Денеска, кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи.

Според најавите од УХМР, в среда и в четврток времето ќе биде стабилно, а в четврток ноќта и в петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер, кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и в среда. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан