Нормализирано водоснабдувањето во Студеничани
- Дефектот во село Студеничани е саниран и водоснабдувањето е нормализирано во 21:40 часот, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - Дефектот во село Студеничани е саниран и водоснабдувањето е нормализирано во 21:40 часот, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето почна од 18:30 часот, а причина беше скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, поради што пумпата за снабдување со вода не работеше поради немање струја, појаснуваат од претпријатието. ац/
Фото: МИА архива