• петок, 12 декември 2025

Норис за квалификациите во САД: Беше нервозно

Норис за квалификациите во САД: Беше нервозно

Лас Вегас, 22 ноември 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите емоции по освојувањето на пол-позицијата на Големата награда на САД. 

- Беше нервозно! Не знаев дека никој нема да заврши круг по мене. Патеката беше лизгава. Само малку да згрешиш како што направив јас, ќе се извртиш и ќе го изгубиш автомобилот. Речиси удрив во ѕидот! Сепак на крајот, возев доволно добро за првото место. Не беа најдобри услови, но ми е мило што дождот престана и успеавме да имаме добри квалификации, изјави Норис за „Скај Спортс“.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор во квалификациите, а Карлос Сајнц од Вилијамс трет.

Главната трка во Лас Вегас ќе се одржи со почеток во 5 часот по македонско време.

Норис е водечки во генералниот пласман кај возачите со 390 поени. Тој е 24 бода пред клупскиот колега Оскар Пјастри и 49 бода пред Макс Верстапен од Ред Бул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан