• петок, 05 декември 2025

Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски, се наведува во соопштението од  Општина Илинден, кое МИА го пренесува интегрално.

На состанокот, новото раководство на клубот го информираше градоначалникот за новите планови и цели во наредниот период, а тој им посака успех во понатамошната работа.

Во знак на благодарност, претседателот на ФК „Илинден“, на градоначалникот му подари симболичен подарок – дрес со неговото презиме, симболично означувајќи ја новата фаза на партнерство меѓу општината и клубот.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе остане посветена на поддршката за развој на спортот и спортските клубови на територија на општина Илинден.

 

Остани поврзан