Ново шоу на Никола Јокиќ
- Екипата на Денвер беше единствената екипа ноќеска што постигна гостинска победа со убедливи 136:105 го совлада Сакраменто
Сакраменто, 12.декември 2025 (МИА) – Екипата на Денвер беше единствената екипа ноќеска што постигна гостинска победа со убедливи 136:105 го совлада Сакраменто, а прв играч на дуелот беше повторно српскиот репрезентативец Никола Јокиќ. Тој дуелот го заврши со 36 поени, 12 скокови, 8 асистенции и со извонреден шут од игра 14/16 за нешто под 30 минути минати на теренот. Јокиќ реализираше и две „тројки“. Тој беше на чекор до „трипл-дабл“, но тренерот го повлече од игра.
Прашањето на победникот беше решен во првиот период кога Денвер оствари недостижна предност, а Јокиќ „запиша“ 16 поени. Одлични соиграчи имаше во Вотсон со 21 поен, Џонсон со 16 и Валанчунас со 15.
Резултати на ноќешните натпревари: Хјустон – ЛА Клиперс 115:113, Милвоки – Бостон 116:101, Њу Орлеанс – Детроит 143:120 и Сакраменто – Денвер 105:136. мн/
Фото: ЕПА