• петок, 02 јануари 2026

Ленард продолжува со одличните настапи

Ленард продолжува со одличните настапи

Лос Анџелес, 2.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс беа единствените кои како домаќини се радуваа на победа на петте ноќешни дуели во НБА лигата. Предводник до триумфот беше Каваи Ленард, кој дуелот го заврши со 45 поени и ја продолжи низата откако претходно постигна 41 против Хјустон, 28 против Портланд, 55 против Детроит и 33 против Сакраменто.

Одлична помош имаше и во соиграчите Џејмс Харден 20 поени и Николас батум 14, па така екипата на ЛА Клиперс ја постигна шестата победа во низа. За Јута ова беше шести пораз на последните осум натпревари.

На другите дуели победија гостинските екипи: Бруклин – Хјустон 96:120, Детроит – Мајами 112:118, Далас – Филаделфија 108:123 и Сакраменто – Бостон 106:120. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан